Преглед на првиот Startup Job Fair на Startup Macedonia

Стартап Македонија го реализираше првото издание на Startup Job Fair каде беа промовирани брзо растечките стартапи кои се во потрага по квалитетен кадар од Startup Macedonia Founders club.

Повеќе од 200 учесници студенти и млади професионалци се приклучија на првиот виртуелен саем за вработување во стартап компании — Startup Jobfair. Освен што настанот понуди информации за стартап секторот кој бележи забрзан раст вo последните неколку години па дури и во време на пандемијата со Ковид-19, беа претставени повеќе од 80 работни позиции кои се моментално отворени во 10 македонски стартапи.

На настанот учесниците имаа можност да дознаат повеќе за Стартапите, стартап екосистемот нивната визија и бенефициите кои ги нудат на нивните вработени во еден уникатен Job pitching настан со цел да ја продолжат својата кариеа во едни од најбрзо растечки Стартапи во земјата.

Компаниите: CodeWell, Cognism, Data Masters, EmbedSocial, InPlayer, Microtica, Slice Macedonia, Startup Macedonia, TeliportMe и Upshıft кои ги претставија своите продукти, начин на работа, и корпоративна култура и отворените позиции за кои моментално им се потребни кандидати од технички струки, маркетинг, продажба и друго.

Своја презентација имаа и Thrivity - локална платформа која ги спојува луѓето кои бараат работа и компаниите што вработуваат.

Startup Jobfair беше организиран од Стартап Македонија и Швајцарските програми И.М.Е и SwissEP, а во соработка со 5 едукативни центри, 8 студентски организации .

Во прилог ги испраќаме презентациите и отворените позиции од настанот за тие што ги пропуштиле или оние кои сакаат да ги погледнат повторно.

Ви благодариме на подршката и присуството, се гледаме во следниот Startup Job Fair.

CodeWell

CodeWell е компанија која е специјализирана во полето на вештачка интелегинција, длабинско и темелно учење, како и развој на мобилни и веб апликации. Компанија која вработува врвни софтверски инжинери и развивачи на апликации, како и дизајнери на UI / UX.

Канцеларии: Skopje, New Jersey и Oslo

Отворени работни позиции

Head of Sales x 1, Marketing Specialist x 1, Senior iOS Developer x 1 Senior Full Stack Developer x 1, Conversational Designer (Content Writer) x 2

Контакт лице: Нино Карас - contact@codewellgroup.com

Cognism

Cognism е компанија која изработува софтверски решенија на база на вештачка интелегенција за подршка на шродажните активности преку проспектирање лидови.

Канцеларии : Skopje, Zadar, London, New York, Republic of South Africa

Отворени работни позиции

1. Customer Service Department — German Speaking Customer Service Agent — Скопје, English Speaking Customer Service Agent — Скопје

2. Engineering Department — Senior/Mid Software Developer — Скопје, QA Engineer — Задар, Data Engineer (remote) — Задар

Контакт лице: Кристина Јосифовска kristina@cognism.com

Data Masters

Data Masters е прва млада, амбициозна и консултантска компанија која што е посветена на Data Science & Business Intelligence. Нивната цел е да им помогнат на компаниите да создадат кадар кој ќе одговори на идните предизвици во поглед на стратешко позиционирање на домашниот и светскиот пазар.

Канцеларии: Скопје

Отворени работни позиции

ETL Developer, Data Warehouse Architect, Big Data Developer, Data Scientist, Power BI Developer

Контакт лице: Лилјана Трајковска — liljana.trajkovska@datamasters.co

EmbedSocial

EmbedSocial e платформа која што им овозможува на бизнисите да креираат доверба со помош на содржини генерирани од нивните среќни корисници во форма на фотографии, рецензии, сториња или постови на социјалните медиуми.

Канцеларии: Skopje, Tokyo

Отворени работни позиции

Junior Backend PHP Developer, Junior Designer, Paid Backend Internship, Paid Frontend Internship, Paid Product Management Internship

Контакт лице: Никола Бојков — jobfair@embedsocial.com

InPlayer

InPlayer е лидер во монетизација на видео и дигитални содржини преку разновидни решенија во облакот за клиенти од целиот свет како Спортски клубови, Фитнес Тренери, Онлајн едукациски платформи итн.

Канцеларии: Скопје, Лондон

Отворени работни позиции

Customer Success Agent, Technical Account Manager, Golang Engineer ,QA Automation Engineer

Контакт лице: Стефанија Зип — teamwork@inplayer.com

Microtica

Microtica е платформа која што овозможува девелоперите побрзо да изградат апликација која што ќе биде скалабилна и ќе работи на Cloud. Microtica како алатка им овозможува не само на развивачите / инфраструктурните инженери, туку и на многу поширокиот опсег на луѓе, да се вклучат во процесот што во традиционалното поставување се ставени настрана што доведува до лошо комуницирање.

Канцеларии: Скопје

Отворени работни позиции

Marketing Intership и Development Intership

Контакт лице: Александар Савов - aleksandar.savov@microtica.com

Slice

Slice е единствената технолошка платформа што соработува со локалните пицерии за да ја направат нарачката автентична, рачно изработена пица лесно достапна за луѓето во над 2.000 градови во САД. Slice е платформа посветена на помагање на независните пицерии да се натпреваруваат со големите ланци за пици нудејќи едноставна технологија за нарачување преку Интернет, персонализиран маркетинг во продавници и прилагодени дигитални реклами.

Канцеларии: Скопје, Дебар и Охрид

Отворени работни позиции

Sales Representatives, Account Manager, B2B Marketing Communications Associate, Software Engineer

Контакт лице : Илина Мојсовска — ilina.m@slicelife.com / jobs@slice.mk

Startup Macedonia

Startup Macedonia е организација која се стреми кон вмрежување на сите чинители во екосистемот која што ќе донесе ресурси до стартапите со кои што ќе можат да растат, партнери кои ќе соработуваат.

Канцеларии: Скопје

Отворени работни позиции

Chief Operations Manager

Контакт лице: Игор Маџов — info@startupmacedonia.mk

TeliportMe

TeliportMe е технолошка компанија за развој на виртуелни тури и софтверски решенија за туризам со клиенти низ целиот свет.

Канцеларии: Luxembourg, India, Chile и Skopje

Отворени работни позиции

Operations Coordinator : Coordinating remote team members, freelancers and special projects, Content Marketing : SEO, social , community building

Qualifications: Good Written english, Design tools (figma, photoshop, canva) , coding (optional)

Контакт лице: Vineet Devaiah — vineet@teliportme.com

UpShift

Upshift е македонско американска компанија која нуди дигитални решенија на бизниси која што имаат побарувачка во привременото вработување и се една од најголемите компании во оваа област во Америка.

Канцеларии: Skopje, Cincinnati(USA)

Отворени работни позиции

Backend Software Engineer, Frontend Software Engineer, Internship Program — TBD

Контакт лице: Никола Јордановски — nick@upshiftwork.com

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo