1. Објаснете ја вашата услуга со неколку зборови. (вид на Мантра за компанијата)

Адева им помага на компаниите да го забрзаат својот раст преку вработување на високо квалификувани програмери и дизајнери од целиот свет.

2. Што нуди вашата компанија на своите корисници?

Адева им овозможува на компаниите брзо и лесно да ги зголемуваат/намалуваат своите софтверски тимови во зависност од моменталните потреби на бизнисот. Тоа на нашите корисници им заштедува време и пари.

3. Како се има сменето побарувачката за вашата услуга за време на COVID19 кризата?

Во последните 2 месеци, како резултат на кризата, побарувачката за нашата услуга се зголеми за 215%.

Голем дел од компаниите беа принудени да ги оптимизираат своите процеси за работа од далечина. Тоа ги доведе компаниите до заклучок дека физичката локација на нивните вработени не игра никаква улога.

Компаниите повеќе немаат потреба да се ограничуваат со вработени во нивната гео локациска средина, туку имаат можност да вработат квалификувани луѓе од цел свет.

Дополнително, кризата предизвика компаниите да бараат решенија што ќе им овозможат да заштедат пари но во исто време нема да го намалат нивниот развој. Нашата платформа им овозможува на компаниите брзо и лесно да стигнат до програмери и дизајнери токму тогаш кога имаат потреба од тоа, без да инвестираат време и ресурси во интервјуирање, барање и вработување на кандидатите.

4. Кои се корисниците на компанија и како тие имаат придобивка од користење на платформата?

Нашата платформа е оптимизирана за било кои компании што развиваат технологија и работат со софтверски инженери и дизајнери. Во минатото, претежно соработувавме со компании надвор од Македонија, но последните неколку месеци бројот на домашни компании што покажуваат интерес за соработка значително е зголемен.

5. Што е вашата понуда/решение за малите и средни претпријатија во Македонија за време на здравствената криза?

За да помогнеме во справување со кризата, во Адева одлучивме да направиме 2 различни понуди

  1. Бесплатни консултантски сесии за дефинирање и оптимизирање на процеси за работа од далечина.
  2. 10% попуст во првите 3 месеци за сите македонски компании кои се сакаат да добијат пристап до високо квалификувани софтверски инженери и програмери од целиот свет.

6. Како ова решение ќе помогне на тие мали и средни претпријатија?

Голем дел од компаниите немаат искуство во работа со далечина па многу често, наидуваат на проблеми кои им го отежнуваат секојдневното работење и го забавуваат нивниот раст. Како компанија, Адева веќе 3 та година функционира како целосно дистрибуирана компанија со програмери од повеќе од 20 земји во светот. Во процесот на адаптација научивме многу и веруваме дека нашето искуство значително ќе придонесе кон поставување на здрави навики и процеси.

Попустот за услугата, ќе охрабри повеќе македонски компании да го започнат процесот на дигитална трансформација и да развијат или имплементираат софтверски решенија за подобрување на нивната ефикасност.

7. Која индустрија ќе има најголема придобивка од вашата понуда / решение?

Придобивка од понудата ќе имаат сите компании кои работат со технологија, без разлика нивната индустрија.

8. Како сметате дека кризата на COVID19 ќе го промени целокупниот деловен циклус и бизнис средина за македонските индустрии?

Порано или подоцна, кризата ќе се одрази на секој бизнис во државата и драстично ќе го смени начинот на кој компаниите работат. Работата на далечина ќе стане стандард, електронската трговија ќе порасне драстично, покрај компаниите, и државите ќе доживеат дигитални трансформации. Најголем дел од малите бизниси што нема да понудат електронски услуги ќе бидат принудени да затворат.

Се поголем ќе биде бројот на луѓе ќе се иселуваат од големите градови и ќе се вселуваат во рурални или помалку развиени средини.

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo