TechPack: CodeWell Interview

Startup Macedonia
3 min readJun 1, 2020

--

1. Објаснете ја вашата услуга со неколку зборови. (вид на Мантра за компанијата)

CodeWell AI ја автоматизира комуникацијата со крајните корисници преку AI асистенти.

2. Што нуди вашата компанија на своите корисници?

CodeWell AI (www.codewell.ai) — платформата овозможува креирање на дигитални асистенти за корисничка поддршка, продажба и целосна автоматизација на овие и останати оддели во компаниите. Асистентите на CodeWell AI се базирани на вештачка интелигенција и го зборуваат било кој јазик на ниво на човек. Воедно, CodeWell AI e единствената платформа во светот, која го овозможува ова на македонски (кирилица и латиница) и албански јазик.

3. Како се има сменето побарувачката за вашата услуга за време на COVID19 кризата?

CodeWell AI им овозможува на компаниите да автоматизираат цели оддели, преку асистенти кои се достапни 24/7 и можат да услужуваат неограничен број на луѓе паралелно. Ова е сериозна предност во нормални услови, но особено во ситуацијата во која се наоѓаме, бидејќи многу компании за жал се приморани да работат во импровизирани услови и со значително намалени капацитети од дома.

Интересот за CodeWell AI е значително зголемен па поради тоа почнуваме да ги реализираме и првите имплементации во нови индустрии во кои претходно не сме работеле.

4. Кои се корисниците на компанија и како тие имаат придобивка од користење на платформата?

Вообичаено работиме со компании во индустрии кои имаат масовна комуникација со крајни корисници како на пример телекоми, банки, осигурителни компании, авио компании, сall центри итн.

Можеби најпозната имплементација на технологијата во нашата држава е асистентот Славчо кој го имплементиравме за телеком операторот А1. Овој асистент (достапен на sakamtelefon.mk) има за цел да им помогне на корисниците при купување и избор на нов телефон.

CodeWell AI асистентите можат да бидат истренирани како експерти во било кое поле, тие се достапни 24x7, можат да зборуваат со неограничен број на корисници истовремено и на секој корисник да му посветат неограничено време. Според ова, главните придобивки се подобро корисничко искуство и директен пристап до нови канали кои резултираат со заштеда на време и пари, но и зголемени приходи.

5. Што е вашата понуда/решение за малите и средни претпријатија во Македонија за време на здравствената криза?

Ние во CodeWell ја поддржуваме иницијативата #СедиДома, и сакаме да им помогнеме на македонските компании полесно да се справат со ударот на економска криза која допрва следува.

За таа цел, обезбедивме три месеци бесплатно користење како и 33% попуст на стандардните цени на платформата CodeWell AI.

6. Како ова решение ќе помогне на тие мали и средни претпријатија?

Сметаме дека CodeWell AI е одлична помош во ситуацијата во која се наоѓаме. Преку CodeWell AI можеме да им помогнеме на малите и средните претпријатија да ги донесат своите услуги директно во inbox-от на корисниците на омилените социјални и чет апликации, кои корисниците секојдневно ги користат (Facebook Messenger, Viber, WhatsApp, итн).

Дополнително, преку автоматизација и обезбедување на поддршка во реално време на големиот број на корисници преку дигиталните канали, ќе се одбегне директниот контакт меѓу луѓето, што е дополнителна мерка за спречување на пандемијата на COVID-19.

7. Која индустрија ќе има најголема придобивка од вашата понуда / решение?

Сите бизниси во индустриите кои имаат директна комуникација со крајните корисници се оние кои имаат најголем бенефит од CodeWell AI.

8. Како сметате дека кризата на COVID19 ќе го промени целокупниот деловен циклус и бизнис средина за македонските индустрии?

Сметам дека пандемијата предизвикана од COVID19 кај нас, но и секаде во светот, ќе предизвика бизнисите да изнаоѓаат нови канали на комуникација и дистрибуција и иновативни бизнис модели кои се ориентираат спрема искористување на најновите технологии и дигиталните канали.

--

--

Startup Macedonia

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo