Envoice, сервис кој донесе практично решение во секојдневното функционирање на секоја компанија моментално е помеѓу првте дигитални алатки кои треба секој бизнис да ги превземе. Практичноста во менаџирањето фактурите и наплатата во духот на времето во кое живееме, од било кое место и било кој уред, е решение кое ги намалува трошоците а и времето потрошено на фактурирање прилагодливо за секој корисник. Сервисот кој им нуди на корисниците целосен менаџмент на издадените фактури, преглед, автоматски известувања, повторувачки фактури, разни валути и даноци и секако, наплата преку интернет за истите е дигитална алатка која ќе донесе голем технолошки и оперативен развој во секоја компанија спремна да гo искористи.

1. Објаснете ја вашата услуга со неколку зборови. (вид на Мантра за компанијата)

Envoice — алатка за фактурирање и онлајн наплата на фактурите со кратичка

2. Што нуди вашата компанија на своите корисници?

Envoice е сервис кој им дозволува на корисниците да си ги менаџираат фактурите и наплатата во духот на времето во кое живееме, од било кое место и било кој уред.

Сервисот им нуди на корисниците целосен менаџмент на издадените фактури, преглед, автоматски известувања, повторувачки фактури, разни валути и даноци и секако, наплата преку интернет за истите.

3. Како се има сменето побарувачката за вашата услуга за време на COVID19 кризата?

Пред скоро време наидов на една интересна слика. Ќе ја оставам истата да зборува.

4. Кои се корисниците на компанија и како тие имаат придобивка од користење на платформата?

Корисници на Envoice се сите мали и средни компании кои работат преку интернет. Сегментирано, имаме корисници од областа на развој на софтвер, маркетинг, дизајн, онлајн предавања и тутори. Меѓутоа се повеќе гледаме компании кои даваат и услуги на локалниот пазар.

5. Што е вашата понуда/решение за малите и средни претпријатија во Македонија за време на здравствената криза?

Нашата понуда за овој период е бесплатно користење на сервисот во следните три месеци за сите бизниси од Македонија.

6. Како ова решение ќе помогне на тие мали и средни претпријатија?

Ќе им помогне да наплатат полесно и да дадат подобро корисничко задоволство кај нивните клиенти. Покрај наплатата ќе им помогне во градење на сопствениот бренд, преглед на финансиите, наплатата, ќе им ја намали рачната работа од аспект на потсетување.

7. Која индустрија ќе има најголема придобивка од вашата понуда / решение?

Секоја мала и средна компанија која што дава некаква услуга ќе има голема придобивка од решението. Секоја компанија која до сега рачно испраќала фактури, ќе има бенефит од Envoice.

8. Како сметате дека кризата на COVID19 ќе го промени целокупниот деловен циклус и бизнис средина за македонските индустрии?

Како и секаде во светот, некои компании ќе иновираат, некои ќе се прилагодат а некои ќе згаснат. Оваа ситуација во најмала мера ќе ги натера сопствениците на компании да размислат како да станат флексибилни и да изнајдат нови начини како да му пристапат на пазарот.

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo