Зголемениот степен на релокација на нашата работа која се повеќе се насочува кон домашните услови ја носи со себе реалноста на нашата намалена физичка активност. Додека сето тоа станува голема препрека за здравјето на сите индивидуи, Македонската компанија FitKit пристапи со решение кое нуди лесно и ефективно стимулирање на сите кои се заинтересирани да останат фит и да го подобрат своето здравје додека трае националната здравствена криза.

Идејата на FitKit претставува високо иновативен пристап во индустријата за Здравје и Животен стил, нудејќи брзо и лесно решение во процесот на избор на спортови и тренинзи за корисниците кои сакаат да останат фит и да го подобрат нивното здравје.

Прочитајте го нашето интервју со компанијата, чија цел е да ви даде почиста слика и повеќе информации за решението на FitKit додека трае COVID19 кризата во Македонија.

1. Објаснете ја вашата услуга со неколку зборови.

“Кликнете го својот пат до ДОПАМИН“

2. Што нуди FitKit на своите корисници?

FitKit е стартап компанија која ги користи придобивките од ИТ секторот така што ги внесува иновациите во индустријата за фитнес и поздрав начин на живот. Наша основна цел е да им обезбедиме на поедницни и организации придобивки преку флексибилноста на избор на услуги за фитнес и здравје, при што успешно ќе ги снабдуваме со алатки за одржување на здрав начин на живот. Основната дејност на компанијата претставува услуга на мобилна апликација која на крајниот клиент им нуди можност да изберат и да се поврзат со фитнес центри, спортски активности, приватни тренери и / или спа-услуги во границите на Северна Македонија. FitKit е создаден со цел да го модернизира фитнес светот и да се прилагоди за поединците и компаниите со цел тие лесно да останат фит и здрави, покрај брзото темпо на живот кое денешницата го наметнува.

3. Како се има сменето побарувачката за вашата услуга за време на COVID19 кризата?

Побарувачката за нашата услуга речиси падна на нула, но денот по новата состојба, решивме да се прилагодиме и да започнеме бесплатно вежбање во живо преку интернет. Одлукава испадна да е многу корисна за брендот на FitKit. Деновиве ќе додаме плус новитети и ќе можеме да ги понудиме онлајн часовите за вежбање на секое студио кое го промени начинот на кој ги нудат услугите на нашата платформа.

4. Кои се корисниците на FitKit и како тие имаат придобивка од користење на платформата?

Основни цели ни се компаниите и приватните лица (18–45 години) во Северна Македонија, Косово, Албанија, Грција и Србија. Целната група ни е присутна на социјалните медиуми и имаме намера да стигнеме до неа преку маркетинг на социјалните мрежи користејќи Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube. Интересот за користење на нашата платформа лежи во флексибилноста на производите кои ги нудиме, лесниот избор на услуги и прифатлива стратегија за цени. Горди сме што имаме голем удел на пазарот во локалната индустрија, и дури имаме цел да зголемиме тој удел на скоро 40% до крајот на 2020 година. Друга идеја на агендата ни е регионално проширување на платформата т.е FitKit преку воспоставување на квалитативен удел на пазарот во соседните земји.

5. Што е вашата понуда/решение за малите и средни претпријатија во Македонија за време на здравствената криза?

Бидејќи новиот апдејт е подготвен за лансирање, секоја компанија која претходно работела со нас, ќе може да обезбеди часови преку интернет за своите вработени. Во овој момент, исто така се обидуваме да пилотираме-започниме проект со една од ИТ компаниите овде во Скопје. Каде имаме за цел да воспоставиме неделен распоред на тренинзи за вработените. Идејата е тие да имаат тренинг во живо со тренер што FitKit ќе го обезбеди преку интернет.

6. Како ова решение ќе помогне на тие мали и средни претпријатија?

Нашето решение им помага на сите заинтересирани индивидуи да останат активни во секое време и секоја ситуација, не само оние што работат во малите и средни претпријатија.

7. Која индустрија ќе има најголема придобивка од вашата понуда / решение?

Фитнес и здравје Индустријата и ИТ индустријата.

8. Како сметате дека кризата на COVID19 ќе го промени целокупниот деловен циклус и бизнис средина за македонските индустрии?

Интересно прашање. Прво, најверојатно, ќе ги принуди новите учесници и неразвиените компании да излезат од пазарот, второ ќе донесе поголема креативност и иновација во системот, трето ќе даде подлога за поголема дигитализација со што ќе се зголеми квалитетот и леснотијата за водење бизнис за идни компании и организации, а најважно ќе донесе зголемена свесност за важноста на силните човечки односи.

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo

Startup Macedonia is an Association created by a group of Macedonian startup enthusiasts, experts, investors, accelerators and organisations, who have one commo