TechPack: QPick Interview
1. Објаснете ја вашата услуга со неколку зборови. (вид на Мантра за компанијата)
Збогум на принтаните летоци и пластичните лојални картички. Со Кјупик сите тековни промоции и лојални картички ги добивате во вашиот телефон.
2. Што нуди вашата компанија на своите корисници?
Кјупик е дигитална платформа која ги поврзува потрошувачите со локалните трговците базирано на локација и преференци.
Со помош на КЈУПИК трговците со физички продавници може да креираат ГЕО тагирани промоции со чија помош ги информираат и насочуваат потрошувачите до нивните локали. Бидејќи промоциите на содржат уникатни динамични линкови, трговците имаат можност истите промоции да ги дистрибуираат преку повеќе дигитални канали, вклучувајќи ги и Facebook, Viber, Instagram и електронска пошта.
За потрошувачите КЈУПИК нуди мобилна апликација која им нуди дигитален џеб кој овозможува дигитализирање на пластичните лојални картички, пребарување на локални промоции базирано на лични интереси, локација и креирање на шопинг листа со неколку кратки чекори.
3. Како се има сменето побарувачката за вашата услуга за време на COVID19 кризата?
За разлика од онлајн трговијата, трговците со физички продавници беа и најпогодени од COVID-19. Заклучно со почетокот на 2020 КЈУПИК имаше регистрирано над 1400 трговци на нашата платформа, но заклучно од Февруари оваа година бројките на активни трговци што праќаа промоции преку нашата платформа се намалуваше со 25% од месец за месец, но пропорционално се зголемуваше дистрибуцијата на супермаркетите. Денеска од 1400 има само 509 активни трговци, од кои 20% се новорегистрирани кои нудат дистрибуција, некаков тип на онлајн услуги и трговци кои имаат големи навали на потрошувачи.
4. Кои се корисниците на компанија и како тие имаат придобивка од користење на платформата?
Кјупик е платформа специфично наменета за трговци со физички продавници, пред се за мали трговци, но и за поголеми компании како супермаркети и трговски центри. Најактивни корисници по категорија се продавниците за гардероба, ресторани, супермаркети, маркети за техника, кино театри и други локали од забавен карактер.
Со помош на Кјупик двете кориснички страни вклучувајќи ги потрошувачите и трговците се активираат во еден еко-активен систем кои им овозможува да комуницираат и да стигнат едни до други без физички принтани флаери и пластични картички.
Со користење на КЈУПИК трговците ја зголемуваат ефикасноста на својот маркетинг, можат по прецизно да ја валидираат маркетинг потрошувачката и да го подобрат придобивањето на купци, а потрошувачите штедат време и пари во наоѓање на одредени понуди како и ослободување од пластичните картички во нивните паричници.
5. Што е вашата понуда/решение за малите и средни претпријатија во Македонија за време на здравствената криза?
КЈУПИК внимателно ја разгледува ситуацијата на потрошувачите во цел регион и бидејќи точно знаеме со што се справуваат нашите клиенти, започнавме кампања која во период на пандемија, платформата ќе биде целосно бесплатна за сите активни трговци со неколку цели:
- Олеснување за трговците кои забележуваат загуба, да ја зголемат продажба преку нашите канали.
- На големите маркети да им овозможи полесна комуникација со потрошувачите за полесно регулирање на гужви и навали.
- Отворање на нови канали за комуникација и остварување на продажба за трговците кои треба да се прилагодат на новите услови.
Сите 509 активни трговци ќе добијат целосно бесплатен сервис и можност за комуникација преку КЈУПИК како и сите нови кои ќе се регистрираат и ќе покажат потреба за нашиот сервис.
Дополнително, КЈУПИК со цел активно да комуницира со потрошувачите отвори дополнителен канал во самата мобилна апликација, “ТОП БАНЕР” што е отворен за големите маркети да можат да ги информираат потрошувачите за сите новонастанати околности поврзани со КОВИД-19.
6. Како ова решение ќе помогне на тие мали и средни претпријатија?
Со ова решение КЈУПИК ќе им помогне пред се на потрошувачите да не трошат многу време во маркетите, односно уште од дома да креираат шопинг листи и ќе им овозможи да прелистаат што има во маркетите уште пред да излезат од дома.
За трговците со ова го намалуваме времето во гужви како и намалување на самите гужви во и пред маркетите, како и можност за придобивање на купци во поволни термини, а за малите трговци можност за да остварат дигитални канали за продажба, без да ги отворат продавниците.
7. Која индустрија ќе има најголема придобивка од вашата понуда / решение?
Кјупик е компанија со фокус на трговците со физички продавници. Иако ритеил индустријата е прилично напредната со дигитализацијата и електронската трговија, сеуште 70% од трговците во светот се физички продавници. Трговците со физички продавници се сеуште најсилниот економски двигател во целиот свет. Со ова сметаме дека од КЈУПИК во овој период најмногу ќе имаат придобивка трговците со физички продавници, но не ги исклучуваме и онлајн ритејлерите.
8. Како сметате дека кризата на COVID19 ќе го промени целокупниот деловен циклус и бизнис средина за македонските индустрии?
КЈУПИК активно ја надгледува новонастанатата ситуација со COVID-19 и како истата влијае врз нашите клиенти. Она што нашите податоци го покажуваат е дека голем дел од трговците кои размислуваа за дигитални подобрувања, ќе мора брзо да прифатат нови канали за комуникација, продажба и дистрибуција бидејќи и дури после пандемијата, потрошувачката и шопинг културата целосно ќе се смени. Малопродажбата и трговијата се клучен елемент на нашата економија, а трговците ќе мора брзо да се прилагодат.