TechPack: Sales.Rocks Interview (Македонски)
1. Објаснете ја вашата услуга со неколку зборови. (вид на Мантра за компанијата)
Ох, не сум најкреативната личност, но дозволете ми да пробам да отсликам.
Неизбрусен дијамант: Никогаш не е перфектен, секогаш може да биде малку поубав, но работиме на тоа :)
Водопад: Со повеќе од 75 милиони компании и нивни контакти има огромен проток на информации за потенцијални клиенти што се ажурираат секојдневно.
Игла во сеното: Ви помага да најдете соодветни потенцијални клиенти низ повеќе од 75 филтри, така што наместо да трошите време рачно да ги барате, платформата го прави тоа за вас.
Tesla: Слично на автомобил кој вози без потреба на човечко управување, Sales.Rocks се грижи за повеќето ваши продажни активности со автоматизирање на процесите како наоѓање на потенцијални клиенти, нивна верификација или воспоставување контакт.
2. Што им нуди вашата компанија на корисниците?
Sales.Rocks е водечка платформа за продажба и маркетинг која на тимовите им нуди пристап до професионални профили и деловни податоци, многу потребни за извршување на секојдневните активности за продажба и маркетинг. Карактеристиките на платформата се засноваат на интуитивни функционалности и опции кои ги покриваат процесите на продажба од наоѓање на деловни податоци до доставување до клиенти. Искомбиниравме процеси базирани на податоци и точни извори на податоци за да развиеме сè-во-едно решение за меѓународните тимови. Нашиот основен пазар беше Холандија, а потоа се упативме кон сите скандинавски и нордиски земји. Сега ги покриваме сите големи западни европски земји, европските земји во развој и развиените земји, многу од балканските земји, па дури и САД и Канада, со деловни и контактни податоци.
3. Како се смени побарувачката за вашата услуга за време на COVID19 кризата?
Со почетокот на затворањето на компаниите и работата од далечина беше скоро невозможно продажните тимови да закажат состаноци лице в лице со клиенти и да воспостават директен контакт со нив. Потоа забележавме зголемени барања за податоци за контакт, особено за е-пошта и телефонски броеви. Со промената на фокусот и драстичните промени во некои индустрии, клиентите почнаа да бараат поинакви целни групи и можни пазари, така што се појави потребата за нови сеопфатни податоци.
Видовме многу клиенти кои применуваа пристапи засновани на онлајн продажба, а за имплементирање на системи за раководење со корисниците и системи за автоматизација на маркетингот, B2B е клучно.
4. Кои се вашите корисници и какви придобивки имаат тие од користење на платформата?
Нашиот идеален профил на клиент е кој било претставник за продажба, хакер за раст или извршен директор кој има потреба од основни и напредни податоци за развој на бизнисот, како што е добивање пристап до нов сегмент или нов пазар. Платформата ги следи најновите алатки за автоматизација на продажба и маркетинг, така што може да се интегрираат со тековните алатки и да се користат од кој било тим кој е заинтересиран за технолошко напредување.
5. Што можете да им понудите на малите и средни претпријатија во Македонија за време на здравствената криза?
Многу македонски мали и средни претпријатија работат со меѓународни клиенти и различни пазари. Платформата Sales.Rocks може да понуди деловни податоци за малите и средни претпријатија кои работат со локалното население на Албанија, Бугарија, Србија и Косово, но и во поголеми размери за хрватскиот, словенечкиот, унгарскиот пазар, обезбедувајќи им податоци надвор од LinkedIn, за различни индустрии, дури и регистри за најмалите бизниси. Бидејќи ликвидноста на македонскиот пазар и компаниите од регионот се намали, ова ќе биде можност за малите и средни претпријатија да побараат клиенти и надвор од регионот.
Покрај нашата европска база на податоци, имаме и локални и регионални контакти, податоци за компании и слично. Исто така ја прошируваме нашата платформа за да вклучиме податоци за компании од САД и Канада. Користејќи ги податоците што ги нудиме, македонските мали и средни претпријатија ќе можат да таргетираат бизниси и клиенти од различни индустрии од брзорастечки локални и регионални пазари,како и двата најголеми пазари во светот, имено Европската унија и САД. Покрај тоа, имаме повеќе податоци од тоа што е достапно на LinkedIn, овозможувајќи им на македонските компании да допрат до повеќе клиенти.
Со порастот на е-трговијата за време на COVID19 нивните таргети се зголемени, така што платформата Sales.Rocks може да понуди детални податоци за таргетирање на е-трговијата и други индустрии по кодови.
6. Како ова решение ќе помогне на тие мали и средни претпријатија?
Овозможувањето на продажба во оваа ситуација е клучно, бидејќи скоро сите индустрии започнаа да ги чувствуваат предизвиците за време на кризата, па некои од нив дури и започнаа да пропаѓаат, особено македонските компании кои работат само на домашниот пазар. Нашата платформа ќе биде решение за пронаоѓање на нови таргет пазари надвор од земјата, како на пример Западна Европа, и избегнување на лични средби преку повеќенаменски комуникациски канали.
Бидејќи многу компании имаат спроведено работа од домашни услови што ги ограничува опциите за контакт со клиенти, ова претставува проблем во таргетирањето и контактирањето со меѓународни клиенти. Нашата платформа нуди конкретни информации за контакт и канали за пристап, насочувајќи ги сите во еден центар.
Да додадеме, нашата платформа е достапна 24/7 со посветена база на знаење.
7. Која индустрија ќе има најголема придобивка од вашата понуда / решение?
Речиси сите индустрии, освен можеби за земјоделство и производство, би имале корист. Индустриите како ИКТ, е-трговија и медиуми би имале најголема корист.
8. Како сметате дека COVID19 кризата ќе го промени целокупниот деловен циклус и бизнис средината за македонските индустрии?
Еден тренд што можеме да го истакнеме е зголемената стапка на дигитализирање на деловните процеси и користењето на Cloud софтвер услугите. Ова претставува одлична можност за бизнисите кои нудат таков вид услуга и специјализираат во софтверски производи.
Целиот деловен циклус дефинитивно ќе се префрли онлајн. Македонските бизнисмени и претставниците на продажбата сè уште работат по застарениот принцип „продажба во кафеана“, што сега не е опција. Многу од конвенционалните индустрии, како продавници и банки, имаат потреба да ја дигитализираат својата работна средина, и за комуникација и за деловни цели, така што очекуваме пораст на дигитализацијата во македонскиот деловен свет.
Ќе има зголемена побарувачка за софтвер како услуга затоа што тимовите кои работат овде и надвор од земјата ќе треба да останат поврзани, да најдат решенија за нивните задачи и да се обидат да ја вратат ликвидноста. Нудењето меѓународни онлајн услуги дефинитивно ќе биде од корист за македонската економија.